| четврток, 6 декември 2018 |

Мојата сопруга е херој: Од работа се враќа со крв и солзи, а секое утро повторно се враќа таму

zena-so-dete

Реин Визон од Алабама е медицинска сестра во Брза помош. Секој ден ги остава сопругот и синот додека спијат, за да оди во долгите ноќни смени и работи повеќе од 14 часа. Неодамна нејзиниот сопруг Боби ја фотографирал додека спиела со синот, а откако фотографијата ја објавил на социјалните мрежи, неговата порака со неверојатна брзина се раширила.

– Ова е мојата жена која спие. За еден час ќе се разбуди и ќе облече униформа. Алатките и предметите кои се неопходни ќе ги припреми внимателно, набрзина ќе ја среди косата и шминката, а потоа ќе рече дека изгледа ужасно. Јас не се сголасувам со тоа, а потоа и носам кафе. Некогаш седи на креветот со нозете прекрстени, пие кафе додека среќно игра детето околу неа. Повремено ќе погледне рамнодушно додека разговараме, мислејќи дека не ја забележуваме. Ќе го бакне детето, па мене и ќе замине да им помогне на луѓето кои го имале најлошиот ден во животот. Автомобилски несреќи, прострелни рани, експлозии, сиромашни, богати, зависници, без разлика кој си и што си направил. Таа се грижи за сите вас. Се враќа дома по 14 часа работа и ги соблекува чевлите извалкани од крв, солзи, пепел и ги остава надвор. Понекогаш и не сака да зборува за тоа, чека да помине некое време. Понекогаш се смее и плаче, понекогаш само плаче, но без оглед на ситуацијата, таа секогаш е на време на работа и ја чека својата смена. Мојата жена е медицинска сестра. Мојата жена е херој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top