Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска синоќа пред почетокот на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се сретна со годинашните лауреати на наградите „Златна камера 300“ и специјална „Камера 300“.
Канческа – Милевска оствари средба со оскаровецот Џон Сил, кому му беше врачена „Златна Камера 300“ за животно дело и со Клер Пијман, соработничка на холанѓанецот Роби Милер, кој исто така е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, но кој поради здравствени причини не беше во можност да присуствува на фестивалот. Министерката за култура се сретна и со Федон Папамихаил, годинашен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
На лауреатите, министерката Канческа – Милевска им подари пригодни подароци – Пеперутка во рамка и издание од книгата „Прекрасна Македонија“ во која се прикажани убавините на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки