| четврток, 6 декември 2018 |

300 терористи уапсени во Франција

Француските власти годинава уапсиле речиси 300 лица осомничени за поврзаност со тероризам, изјави денеска министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, јави ТАСС.

– Од почетокот на годината се уапсени 293 лица, вмешани во дејности на терористички ќелии, изјави минисерот Казнев.

Во неделата француската полиција откри автомобил полн со плински боци, во близина на катедралата Нотр Дам во Париз, по што беа уапсени неколку лица.

Околу осум месеци пред изборите, дел од десничарската опозиција и крајната десница ја обвинуваат социјалистичката власт дека дејствува многу слабо во однос на прашањата поврзани со безбедноса и се залага за законски измени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top