| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се Унгарците кои сите ги бараа со денови, а тие уживаа во убавините

Фото: Охрид Њуз

Петмина унгaрски туристи со авантуристички дух ја кренаа на нозе полицијата, која денеска спроведе опсежна потрага по Охридското Езеро поради сомневање дека странските државјани можеби се исчезнати или се во некаква неволја.

Унгарските туристи во понеделникот околу 11 часот пристигнале во авто- кампот Градиште кој инаку сега не работи. Откако замолиле, им бил дозволен влез на неколку часа за да рекреираат со кајаците кои ги носеле со себе, но тие не се вратиле навреме во кампот од каде требало да заминат во 17 часот, пишува Охрид Њуз.

kamp2_0

Кога и следното утро ги немало во возилото кое го паркирале на самиот брег од езерото, чуварите од кампот случајот го пријавиле во охридската полиција, која денеска ги пронајде како пловат на сред езеро.

– Странските државјани, тројца мажи и две жени, се пронајдени како пловат од Радожда во правец на
Градиште – изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

vozilo2_0

Унгарските туристи по средбата со полицијата оствариле телефонски разговор со дипломатското преставништво на Унгарија во Скопје, кое претходно било известено за случајот кој силно одекна во медиумите. Но, унгарските туристи во изјава за новинарите не се осврнаа на „потерата“ по нив, туку на убавините на Охрид.

ungarci_0

– Охридското Езеро е најубавото место кое сум го посетил во мојот живот. Сум бил на Тајланд, Индонезија и на многу други места, но овде е преубаво, а Македонците се прекрасни луѓе – им изјави на медиумите еден од унгарските туристи.

Со цел расветлување на случајот кој доби голем публицитет, унгарските државјани попладнево биле повикани на информативен разговор во езерската полиција, за да објаснат што правеле изминатите три дена додека македонските власти трагаа по нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top