| четврток, 6 декември 2018 |

Авион од Лондон до Канада заради тревога слетал на Исланд

Патнички авион на канадската компанија „Вестџет“, кој утринава полетал од Лондон кон Едмонтон во Канада по два часа лет итно е пренасочен кон Исланд, откако пилотите упатиле сигнал за тревога.

Според британските медиуми авион требало да слета во Едмонтон во еден часот по полноќ по канадско време.

Авионот, според страниците за следење на летови, се насочил кон меѓународниот аеродром „Кефлавик“ на Исланд и таму слетал во попладневните часови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top