Германска пензионерка успеа во неколку минути на паркинг да удри во 14 автомобили и да причини штета од околу 25 илјади евра, објави полицијата од градот Дирен.
Седумдесет и петгодишната пензионерка била пренесена во болница со полесни повреди. До незгодата дошло кога таа нагло забрзала и удрила во ред паркирани автомобили.
– Паркингот се претворен во голема депонија на автомобилски отпад – пишува во извештајот на полицијата, каде се додава дека нејзиниот автомобил бил толку уништен што морале да го влечат со кран, како и поголемиот дел од остантите автомобили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.