| четврток, 6 декември 2018 |

Ху­ма­на естра­да? Од­би­ва­ат ху­ма­ни­тар­ни кон­цер­ти отка­ко ќе го ви­дат спи­со­кот со из­ве­ду­ва­чи

Естра­да­та, ба­рем тие што има­вте мож­ност да ги ви­ди­те на кон­цер­тот, е на­ви­сти­на жел­на да пру­жи ра­ка и да по­мог­не, но има­ше слу­чаи ко­га бе­ше ба­ран спи­со­кот со из­ве­ду­ва­чи, па по­тоа се до­не­су­ва­ше од­лу­ка за на­стап, ве­ли во­ди­те­лот Ва­не Мар­ков­ски

Со­бра­ни око­лу 4.000 евра и про­да­де­ни 280 влез­ни­ци – ва­ков е епи­ло­гот од ху­ма­ни­тар­ни­от кон­церт кој во втор­ни­кот, на 30 август, бе­ше одр­жан во „Ме­тро­по­лис аре­на“.

Под мо­то­то „И ние сме ху­ма­ни“, Ес­ма Ре­џе­по­ва и неј­зи­ни­от тим ре­ши­ја да го ор­га­ни­зи­ра­ат на­ста­нот со кој ма­ке­дон­ска­та јав­ност и естра­да­та ќе мо­жат да го да­дат сво­јот при­до­нес во по­мо­шта на гра­ѓа­ни­те по­го­де­ни во сил­но­то не­вре­ме во Скоп­ско.

Влез­ни­ци­те се ку­пу­ваа по це­на од 200 де­на­ри, а на­ста­нот од 20 ча­сот во жи­во се пре­не­су­ва­ше на „Ка­нал 5“, вре­ме во кое се­кој мо­же­ше да до­ни­ра пре­ку те­ле­фон­ски­те ли­нии отво­ре­ни за по­мош.

Сла­би­от од­ѕив на кон­цер­тот, до­не­ка­де бе­ше на­до­ме­стен пре­ку тие по­ви­ци. Пре­ку опе­ра­то­ри­те „Те­ле­ком“ и „Вип“  беа при­ме­ни 1.163, од­нос­но 980 по­ви­ци.

Ка­ко до­ма­ќин и во­ди­тел на на­ста­нот, Ва­не Мар­ков­ски ве­ли де­ка, иа­ко не­кои ра­бо­ти те­че­ле без проб­лем, ор­га­ни­за­ци­ја­та се со­о­чи­ла и со не­кои проб­ле­ми.

Од про­да­де­ни­те би­ле­ти, нор­мал­но не сум за­до­во­лен, прем­но­гу ма­ла број­ка, но од ли­ни­и­те за до­на­ции се со­браа со­лид­ни средс­тва, иа­ко се­ко­гаш мо­же по­ве­ќе – сме­та Мар­ко­ски.

Сво­е­то раз­о­ча­ру­ва­ње за по­се­те­но­ста не го крие и не­го­ва­та ко­ле­шка на сце­на­та, во­ди­тел­ка­та Ми­ле­на Ан­тов­ска.

Искре­но, мно­гу се раз­о­ча­рав ко­га ви­дов кол­ку мал­ку лу­ѓе беа при­сут­ни во са­ла­та, бев таж­на што за мно­гу дру­ги на­ста­ни и ма­ни­фе­ста­ции са­ли­те би­ле пре­пол­ни, а за ва­ков мо­мент ре­чи­си не­ма­ше ни­кој. Но, дра­го ми е, пак, де­ка си­те тие што дој­доа го на­пра­ви­ја тоа од ср­це и беа пре­среќ­ни и се за­ба­ву­ваа – ве­ли Ан­тов­ска.

Таа до­да­ва де­ка е мно­гу за­до­вол­на од до­ни­ра­ње­то пре­ку бро­е­ви­те на мо­бил­ни­те опе­ра­то­ри, за кои ве­ли де­ка на­ви­сти­на не пре­ста­на­ле да ѕво­нат.

Тоа на­ви­сти­на ме ра­ду­ва мно­гу за­тоа што си­те што нѐ сле­де­ле во тој мо­мент, не ште­де­ле и да­доа дел од се­бе – сме­та Ан­тов­ска.

humana-estrada-scena209-3

На кон­цер­тот, на кој се обе­ди­ни фолк­лор­на­та и за­бав­на­та естра­да, на­ста­пи­ја го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те за­бав­ни и на­род­ни пе­ја­чи, ме­ѓу кои беа нај­а­ве­ни Ес­ма Ре­џе­по­ва, На­ум Пе­тре­ски, Зу­и­ца Ла­зо­ва, Ире­на Спа­сов­ска, Ибуш Ибра­и­мов­ски, Ане­та На­ков­ска, Мар­јан Ко­цев, гру­па­та „Со­на­та“, Го­це Ка­са­пов­ски, Јор­дан Ми­тев, Би­ба До­де­ва, Ма­ја Ву­ки­че­виќ, На­де Та­лев­ска, Ви­кто­ри­ја Ло­ба, Јо­це Па­нов, Але­ксан­дар Бе­лов, Дар­ко Или­ев­ски, Си­мо­на По­пов­ска, Фи­лип Бо­жи­нов­ски, Ален Ха­са­но­виќ, Бо­би Мој­сов­ски, Ми­те Сто­ил­ков, Трај­че Ѓор­ги­ев, Адам Ла­бун­ски, „Ну­не бра­дрс“, „Пу­ка коз­ме­ти­ка“ и дру­ги.

Естрад­ни­те умет­ни­ци се ху­ма­ни, нај­го­ле­ми­от дел од нив вед­наш при­фа­ти­ја без по­ста­ву­ва­ње ка­кви би­ло ус­ло­ви. На­ста­пи­ја ка­ко што до­ли­ку­ва и беа среќ­ни што имаа мож­ност да би­дат дел од ху­ма­ни­та­рен кон­церт – ве­ли Ан­тов­ска.

Но, Мар­ков­ски приз­на­ва де­ка, за вол­ја на ви­сти­на­та, го­лем дел ја од­би­ле по­ка­на­та отка­ко по­ба­ра­ле да го ви­дат спи­со­кот со из­ве­ду­ва­чи

Естра­да­та, ба­рем тие што има­вте мож­ност да ги ви­ди­те на кон­цер­тот, е на­ви­сти­на жел­на да пру­жи ра­ка и да по­мог­не. Си­те пе­ја­чи што на­ста­пи­ја, вед­наш ги до­го­во­рив­ме, без по­себ­ни ба­ра­ња и убе­ду­ва­ња. Има­ше слу­чаи во кои бе­ше ба­ран спи­со­кот со из­ве­ду­ва­чи, па по­тоа се до­не­су­ва­ше од­лу­ка за на­стап. Тоа го знам за­тоа што ка­ко во­ди­тел на на­ста­нот тре­ба­ше да под­го­твам ре­дос­лед на учес­ни­ци­те и це­ло вре­ме има­ше отка­жу­ва­ња, ду­ри и еден час пред по­че­то­котве­ли Мар­ков­ски.

Тој ве­ли де­ка дел од пе­ја­чи­те би­ле спре­че­ни да дој­дат од об­вр­ски.

Се­пак, мис­лам де­ка од­ѕи­вот тре­ба­ше да е по­го­лем. И да не пе­е­ја, мо­же­ше да се ја­ву­ва­ат на ли­ни­и­те за до­на­ции. Мо­же­би та­ка ќе има­ше по­ве­ќе па­ри со­бра­но – сме­та Мар­ков­ски.

Во­ди­те­лот до­да­ва де­ка, се­пак, се­га сѐ е што би би­ло ко­га би би­ло.

Во овој мо­мент е важ­но да се ка­же де­ка со тие па­ри ќе би­дат ку­пе­ни по­треб­ни ра­бо­ти за дел од се­мејс­тва­та и ќе им би­дат од­не­се­ни – сме­та Мар­ков­ски.

Мар­ков­ски сме­та де­ка не по­стои са­мо еден гест со кој би се по­ка­жал при­мер за тоа ка­ко тре­ба да се би­де ху­ман, ту­ку чо­веч­но­ста се изра­зу­ва пре­ку по­ве­ќе ра­бо­ти.

Не­кои од јав­ни­те лич­но­сти до­ни­ра­ат, но не са­ка­ат ни­кој да знае. Се­кој на свој на­чин ги сог­ле­ду­ва не­шта­та. Важ­но е да сме ху­ма­ни – ве­ли Мар­ков­ски.

За Ан­тов­ска, пак, по­сто­јат мно­гу свет­ски поз­на­ти лич­но­сти што се ху­ма­ни и по­сто­ја­но до­ни­ра­ат за нај­раз­лич­ни це­ли.

Ги има и кај нас, не де­ка ги не­ма. Ма­ке­дон­ски­от на­род, се­пак, во ду­ша­та е ху­ман и до­бар, но не се­кој са­ка да се екс­по­ни­ра во јав­но­ста. Ина­ку, јас би са­ка­ла ту­ка да го изд­во­јам ма­ли­от Јо­ван, кој за ме­не е при­мер за ху­ма­ност. Тоа ма­ло ср­це сви­ре­ше на ги­та­ра на пло­шта­дот во Скоп­је и со­би­ра­ше па­ри за ма­ла­та Ели ко­ја има­ше се­ри­оз­но на­ру­ше­на здрав­стве­на со­стој­ба – ве­ли Ан­тов­ска.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 209. број на неделникот „Република“, 02.09.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top