| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизија 2017 ќе се одржи во Киев

Главниот град на Украина, Киев ќе биде домаќин на натпреварот за најдобра песна на Евровизија 2017 година, одлучи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и националната телевизија на Украина (НТУ).

Организацијата на оваа 62. по ред Евровизија е доделена на најголемиот украински град по овогодишната голема победа на нивната претставничка Џамала во Шведска со песната „1944“. Конкуренција на Киев беа Одеса и Днипро.

– По деталниот процес на селекција многу сме задоволни што Киев ќе биде град домаќин на Евровизија 2017 година – изјави претставник на ЕБУ.

Тој воедно и честиташе на националната телевизија на Украина на проценката.

– Киев имаше прекрасна презентација и се радуваме за заедничката работа на највозбудливото шоу во мај наредната година – порача супервизорот  Јон Ола Санд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top