Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук ја направија свадбата која долго ќе се помни и прераскажува како една од најубавите било кога направени. Катар е земјата каде работата и љубовта ги спои овие две души. Слаѓана работи со медицинска опрема, а Фарук е доктор. Таа е Mакедонка, а тој е од Египет, објави порталот Во бело.
Својата љубов ја крунисаа првично во Катар и тоа на 1 декември( роденденот на Слаѓана), а потоа направија и свадба на Малдивите. Летово тие направија и традиционална македонско- арапска свадба во Македонија. Сите адети и традиции беа испочитувани.
Од китење на младоженецот до сечење на тортата со традиционален арапски меч кој за таа пригода беше донесен од Катар. Свадбената веселба беше мешавина на традиционални македонски и арапски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)