Eдиницaтa „Aлфи“ била во потера по лице кое е барано за издржување на 4 годишна затворска казна. Лицето дало отпор, а по бркотница со специјалната единица „Алфи“ е фатено кај поранешна „Славија“. При апсењето повредени се тројца припадници на единицата „Алфа“во сообраќајна несреќа која се случила при обид да приведат лице кое се бара за издржување затворска казна.
Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било забележано лице кое се барало за издржување затворска казна во траење од четири години во патничко моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки.
Оттаму појаснуваат дека од страна на полициските службеници му била издадена наредба да го запре возилото, но тој се оглушил на наредбата и со голема брзина се упатил кон скопската населба Железара.
Од страна на алфите започната е потера по него и на ул. „Перо Наков“ лицето по кое се трагало со мерцедесот удрило во патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Министерството за внатрешни работи. Од сообраќајната незгода тргојца полициски службеници од Алфите се здобиле со повреди и пренесени се во Ургентниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.