Оскаровецот Џон Сил од денеска е во Битола.
Австралискиот и светски познат снимател, кој годинава е главна ѕвезда на фестивалот „Браќа Манаки“, во Македонија пристигна пред официјалното отворање и времето го искористи да отиде и до „Св. Пантелејмон“, тој заинтересирано слушаше за историјата на оваа древно културно богатство, а беше одушевен од Старата чаршија. Сил заедно со неговата сопруга Луиз се љубопитни да дознаат за историското наследство и културните богатства на Македонија, соопшти организаторот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Оскаровецот Сил е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“.
Сил, по кусиот одмор, денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде што на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата.
Сил снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои „Оскар“ за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите „Талентираниот господин Рипли“, „Студенгора“ (2002), како и незабораниот „Друштво на мртвите поети“. Во 2015 година беше номниран за „Оскар“ за филмот „Лудиот Макс: Бесен пат“.
фото: Роберт Атанасовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки