Веста која вчера ги обиколи светските медиуми дека Ким Јонг-Ун го забранил сарказмот и шегите на негова сметка беа со воодушевување прифатени во СДСМ, откако оваа партија во ист ден со големиот лидер на Северна Кореја побара и во Македонија сарказмот, иронијата и хуморот на сметка на политичарите да биде забранет.
Според наши извори од СДСМ, големо било воодушевувањето што во ист ден и Пјонгјанг и Бихаќка реагирале на иста тема и на ист начин. Ова било доказ дека големите комунистички срца чукаат во ист ритам и дека СДСМ е на правиот пат кон демократизација на земјата по терк на Северна Кореја.
По тој повод претседателот на СДСМ Заев свикал седница на Централниот одбор, на која биле поздравени реформите кои решил да ги спроведе Пјонгјанг, после што било одлучено да биде испратено официјално поздравно соопштение кое ви го пренесуваме во целост подолу.
Инаку, вчера официјален Пјонгјанг издаде забрана за саркастични шеги на сметка на Ким Јонг-Ун во секојдневните разговори меѓу граѓаните на Северна Кореја бидејќи лидерот Ким Јонг-Ун, инаку син на Ким Јонг-Ил и внук на Ким Ил-Сунг не бил сигурен „дали луѓето не се согласуваат вербално со него само на ироничен начин“. Па бидејќи не бил сигурен – им забранил сарказам, за да се сите на чисто.
Соопштението од СДСМ ви го пренесуваме во целост:
Феноменален потег на Пјонгјанг: Сарказмот мора да се забрани!
СДСМ воодушевено го поздравува потегот на мудрите власти во Северна Кореја кои одлучија да го забранат сарказмот на сметка на големиот лидер Ким Јонг-Ун. Во една демократска земја никој не смее ниту преку хумор, сатира, сарказам и иронија да се шегува на сметка на големите политичари.Вестите од Пјонгјангги пречекавме со нескриена радост и топлина во срцата и се добра насока во која треба да се развиваат демократските општества во денешно време. Тоа што во ист ден, иако илјадници километри раздалечени, реагиравме контра хуморот и сатирата, е уште еден доказ дека нашите топли комунистички срца се длабоко поврзани и делиме заеднички вредности.Нашата истовремена реакција е уште еден доказ дека треба да се бориме да ги вратиме вредностите од златниот комунизам кога граѓаните немаа прилика да читаат премногу вести кои само ќе ги збунат или ќе ги доведат во искушение да проценуваат самите дали некоја вест е напишана саркастично или не. Треба да се врати времето кога друг мисли за нив и им ги олеснува животите. Затоа вашиот потег за забрана на сарказмот е благороден и државнички, и ќе се бориме до крај да го промовираме и во Македонија.СДСМ е воодушевен од ингениозноста на Големиот Лидер Ким Јонг-Ун и во оваа прилика му искажува огромна почит за сите негови напори за демократизација на Северна Кореја.Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ која дозволува сарказам на сметка на други луѓе меѓу кои се лидерот Зоран Заев и членови на најтесното раководство на СДСМ како што е Мухамед Зекири кој има мал пенис, мора да замине во историјата поради ваквите недемократски потези.По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на којашто врвен приоритет ќе и биде да го забрани сарказмот по светлиот пример на Ким Јонг-Ун и великата Северна Кореја.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.