| четврток, 6 декември 2018 |

Гробишта на абортуси: Човекот кој закопал повеќе од 10.000 несакани бебиња

Повеќе од 12 годони оди поболници и ги зема остатоците од несаканите деца по абортус и ги закопува во мали гробови на гробиштата кои самиот ги направил. Некои жени успеал да ги наговори да родат

Тонг Пуок Пук од Виетнам спасил повеќе од стодетски животи во последниве 12 години. Успеал да ги наговори нивните мајки да не заминат на абортус, дури отворил и сиропиталиште.

Сѐ започнало во 2001 година кога била беремена неговата жена. Ја придружувал во болница на преглед и додека седел во чекалницата, забележал како трудници влегуваат во амбулантата, но оттаму излегуваат без деца. Некои абортирале во одмината брменост. Му требало некое време за да сфати што всушност се случува, а потоа му се скршило срцето – сфатил дека тие деца не добиле можност за живот.

grobista-za-abortusi-2

Три години подоцна отишол во болница и прашал дали може да ги земе нивните мртви тела или остатоците за барем да им направи вистински погреб, зашто сметал дека тоа се луѓе кои не заслужуваат да завршат во канта за отпадоци.

Овој поранешен градежен работник со целата заштеда која ја имал купил земјиште на врв на една планина и таму почнал да ги погребува несаканите деа во минијатурни ковчези.

grobista-za-abortusi-3

Често му потекуваат солзи додека ги спушта во земја, па ќе запре, ќе ги избрише солзите и ќе се помоли. Во почетокот неговата сопруга мислела дека целосно полудел, но набрзо сфатила дека нема да се откаже од наумот. Тој ѝ објаснил дека тие гробишта не се само место за тагување, туку ека со нив сака да ги поттикне жените добро да размислат пред да се одлучат на абортус.

grobista-za-abortusi-4

За 12 години закопал повеќе од 10.000 деца и фетуси, но спасил стотина. Тој вели дека жените се одлучуваат за абортус, затоа што живеат во мизерни услови и се несигурни за својата иднина. Српак, некои одлучиле да родат ида ги дадат децата во неговото сиропиталиште.

grobista-za-abortusi-5

Најголем проблем му се финансиите, па затоа отворил и сметка за донации. Пари му уплатуваат и луѓе од далечни крашита, кои не се од Виетнам, а коипрочитале за негово во весниците. Иако живеат скромно, љубовта меѓу него и децата е неизмерна.

grobista-za-abortusi-6

Признава ека му било тешкод а ги забележи имињата на сите деца кои дошле во сиропиталиштето, па на девојчињата им дал прекар Там (срце), а на момчињата Вин (чест), а сите ги вика свои деца.

grobista-za-abortusi-8

– Ќе го работам ова до позледниот здив. Се надевам дека и моите деца ќе продолжат вака да им помагаат на другите кога ќе ме нема, вели скромниет човек со големо срце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top