| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на патот Солун – Гевгелија: Македонец загина во близина на границата

skoda-superb

На пет километри пред грчко – македонскиот граничен премин на автопатот Солун – Гевгелија, вчера во Грција се случила тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, македонски државјанин.

Во сообраќајката загина возачот на возилото „шкода суперб“ со скопски регистарски таблички, кој, најверојатно, ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрворедот покрај автопатот.

Според сведоци на оваа сообраќајна несреќа, во возилото биле сопругата на возачот, која била бремена, едно двегодишно дете и уште една повозрасна жена. Грчката полиција неколку часа вршеше увид на местото на несреќата.

Од МНР соопштија дека наскоро ќе излезат со повеќе информации за сообраќајката.

фото – Мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top