| четврток, 6 декември 2018 |

Појадок за бездомниците во Момин Поток

bezdomni-lica

Во просториите на Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток, денеска ќе се одржи хуманитарно­волонтерска активност од старите лица за бездомниците. Во чест на прогласувањето на скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу во Светица Тереза, лицата во трето доба кои волонтираат во Црвен крст на Град Скопје ќе организираат појадок за бездомните лица кои го посетуваат овој Пунктот за бездомници.

Оваа активност претставува поврзување на две програмски активности на Црвениот крст на Град Скопје односно програмата за лица во трето доба, каде се поттикнува тие да негуваат активно стареење преку волонтерски активности и пунктот за бездомници кој функционира секој вторник и петок за бездомниците во Градот Скопје.

Пунктот за бездомници е поддржан од Град Скопје, а програмата за лица во трето доба покрај Градот Скопје е поддржана од Австрискиот црвен крст, компанијата ЕВН Македонија и „Даути компанијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top