| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бара да се цензурира и хуморот

Почитувани читатели на „Република“,

Вечерва до нашата редакција пристигна демант од политичката партија СДСМ за текстот „Зекири: Го одбрав СДСМ бидејќи има подобра програма од ИСИС“, објавен во сатиричната рубрика Двоглед.

Двоглед е рубрика во која преку измислени ситуации и вести, односно невистинити написи („кромид“), се свртува вниманието кон одредена реална појава во општеството на сатиричен начин.

Иако злобниците би рекле дека СДСМ го демантира измислениот напис, бидејќи никој нема полоша програма од СДСМ, ние во оваа пригода ѝ упатуваме извинување на најголемата опозициска партија, го прифаќаме нивниот демант дека Зекири не го одбрал СДСМ, бидејќи има подобра програма од ИСИС и го објавуваме во целост.

Дотолку повеќе што демантот на сатиричната вест СДСМ го испрати во истиот ден во кој Индепендент пренесе дека Севера Кореја го забрани сарказмот.

Написот, се разбира, нема да го отстраниме туку само ќе го модифицираме, се надеваме доволно за луѓето во СДСМ да не ги потсетува на некој реален лик од нивната средина поради што би инсистирале на деманти во иднина. Како ќе го решиме проблемот? Во модифицираната верзија на измислената вест, ликот Мухамед Зекири, кој во нашите измислени вести се претставувал како независен новинар, ќе има мал пенис и тоа ќе е јасно нагласено секогаш кога ќе се спомне неговото име.

Додека сме тука и во име на разликата меѓу сатирата и вистината, би сакале на СДСМ да им обратиме внимание и на други тесктови од истата рубрика на кои не реагирале досега, како на пример: „СДСМ побара папата Бранко да го прогласи Заев за светец“, „Шекеринска за сообраќајката: Не бегав од Македонија туку патував кон поплавените предели на Халкидики“, „Заев не ја призна оставката на Камерон, најавени протести во Муртино против Брегзит“, „Заев го одложи Велигден!“, „Заев: Не одиме на избори додека Македонија не се пласира на ЕП во фудбал“, „Програмата на СДСМ хит на Саемот на книгата“, „СДСМ: Јанева потфрли, не одиме на избори“ и многу други во истата рубрика.

Би биле благодарни доколку СДСМ реагира и ги демантира и овие написи, или одбере да премолчи и да прифати дека некогаш сатирата и измислените вести навистина премногу личат на оние од реалниот живот.

Во прилог следи демантот на СДСМ и модифицираната верзија на веста која ја демантираа.

Со почит,
Република

sdsm-demant-na-dvogled

Зекири: Го одбрав СДСМ бидејќи има подобра програма од ИСИС и имам мал пенис

isis soros

Поранешниот независен новинар Мухамед Зекири кој има мал пенис, мината недела стана член на највисоките партиски органи на СДСМ и веројатно ќе биде носител на изборна листа, прати официјален допис во врска со неговиот нов ангажман.

Зекири, кој има мал пенис, изненади многумина со неговиот трансфер од ТВ Шења во СДСМ. За него многумина зборуваа дека е исламски радикал и близок со слични струи во Саудиска Арабија, па се претпоставуваше дека откако се прости со кариерата како независен новинар ќе продолжи со ангажман во религиозни цели, дури и во ИСИС, како што коментираа граѓани по социјалните медиуми.

Но, Зекири кој има мал пенис го одбра СДСМ и како што вели – не погрешил.

„Знам дека многумина очекуваа кариерата да ја продолжам во ИСИС или некоја слична организација, пред се поради моето искуство со бомбите на Заев, меѓутоа сепак се одлучив за СДСМ, бидејќи има подобра програма од ИСИС. Пред се, како член на ИСИС никогаш нема да можам да посетувам фудбалски натпревари на Косово, Албанија и Шкендија, нема да можам да барам да се гласа за федерализација на Македонија, ниту ќе можам да се борам за двојазичност. Со платформата на Заев и СДСМ сигурен сум дека ќе можеме да се избориме заедно за сите овие работи“, уверен е Зекири кој има мал пенис.

„Па така, како иден пратеник и политичар во оваа Македонија ќе може да ги остварам сите цели и идеали кои како член на ИСИС не би можел да ги остварам, односно знаете како е, ако учествувам во една акција на ИСИС за моите цели, можно е да не дочекам да ги видам резултатите од акцијата. Вака, со СДСМ и пратеничкиот идентитет, граѓаните на Македонија можат да бидат мирни дека ќе бидам жив, здрав и ќе се борам за федерализација, двојазичност, Косово, Албанија и се што го сака мојот народ“, додаде тој.

Според Зекири кој има мал пенис, СДСМ полека станува новата најголема албанска партија во Македонија и заслужува да ја добие поддршката од сите граѓани за да ја реализира програмата за која многумина тврдеа дека не постои.

„СДСМ има програма и тоа е јасно како ден. Кому не му беше јасно, треба да му стане после мојот ангажман во оваа партија“, завршува поранешниот независен новинар кој има мал пенис.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top