| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на Алпите: 110 луѓе заробени во жичница на 3.800 метри

Околу 110 луѓе се блокирани во кабините на жичница над глечерот Мон Блан во Алпите на височина од 3.800 метри и со помош на хеликоптери ќе бидат превезени до подножјето на планината.

Жичницата ги поврзува Егиј ди Миди, планинскиот врв во француските Алпи (3.842) метри и врвот Елбронер (3.462) кој ја одбележува границата со Италија.

Од необјаснети причини каблите се исплеткале и вработените не успеале да ги отплеткаат. Затоа почнала операцијата за спасување со три хеликоптери – по еден од Швајцарија, Франција и Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top