| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија

Оскаровецот Сил е добитник на наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“

Славниот австралиски кинематографер Џон Сил доцна синоќа пристигна во Македонија. Тој по долгото патување од Австралија, на скопскиот аеродром стигна заедно со својата сопруга Луиз, соопшти организаторот на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“.

Оскаровецот Сил е добитник на наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Сил, по кусиот одмор, денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата.

unnamed-1

Сил снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите „Талентираниот господин Рипли“, „Студента планина“ (2002), како и незабораниот „Друштво на мртвите поети“. Во 2015 година беше номниран за Оскар за филмот „Лудиот Макс: Бесен пат“.

На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да проследи и разговор со големиот кинематографер Сил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top