| четврток, 6 декември 2018 |

Реал и Атлетико во 2017 година нема да смеат да купуваат играчи

atletico-madrid-real-madrid

Апелациската комисија при Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди забраната која им беше изречена на двата мадридски гиганти Реал и Атлетико. Екипите кои пред неколку месеци играа во финалето на Лигата на шампионите, сега нема да смеат да купуваат играчи во следните два преодни рока.

Мадриѓани беа казнети, клубовите се жалеа, но излезе дека тоа им беше попусто. Клубовите беа казнети поради неправилното потпишување на младинци, кои немаат наполнето 18 години. Според казната, ниту Реал, ниту Атлетико нема да смеат да направат ниту еден трансфер во следните два преодни рока.

Тоа значи дека принудно ќе мируваат во зимскиот преоден рок од оваа сезона, во јануари 2017, како и во летниот трансфер дел кој е во јули и август следната година. Дури на 1 јануари 2018 година ќе истече забраната и мадриѓани ќе може во своите редови да купат нови играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top