| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа преубава земја најрадо ги отвора вратите за нови жители

Тоа е најпријателска земја во Европа и десетта во светот, покажуваат податоците на „InterNations“ чие истражување има за цел да ги покаже најдобрите земји за живот на мигрантите.

Според ова ,еѓународно истражување Португалците се најпријателски настроените луѓе во однос на мигрантите во земјата.

Втората најпријателска земја во Европа е Шпанија.

Овој заклучок беше направен од истражувањето во кое учествувале повеќе од 14 000 луѓе од 191 различни земји. Истражувањето е спроведено од сајтот „Internations“, во кој беа контактирани мислења од луѓе кои живеат надвор од земјата на раѓање, за да разберат кои се најпријателските земји за живот.

Од учесниците се барало да го оценат нивното задоволство од квалитетот на живот, способноста да се интегрираат, финансиската ситуација, работна средина и семејниот живот во соодветните земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top