| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во скопскиот ресторан „Муц“

Анонимен граѓанин ноќеска во два часот и 19 минути во полиција пријавил дека во угостителскиот објект „Муц“ имало нарушување на јавниот ред и мир, при што некои лица испукале неколку куршуми од пиштол.

На местото на настанот, како што информираат од полицијата, биле затекнати повеќе лица (вработени и гости), а пронајдени се еден неиспукан куршум, една чаура и забележана е една дупка во плафонот.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top