| четврток, 6 декември 2018 |

Стрелецот на првиот гол за независна Македонија низ солзи: Не бевме свесни што направивме за Македонија (ВИДЕО)

Зоран Бошковски-Чоко на 13 октомври 1993 година го постигна првиот гол за нашата селекција, кога Македонија, во нејзиниот прв интернационален меч, во Крањ ја совлада Словенија, со 4-1 во пријателски натпревар. Повеќе од 20 години подоцна, Бошковски не може да ги запре солзите кога раскажува за почетоците.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 25 години од независноста на Република Македонија одржа трибина на која учествуваа луѓе кои беа дел од градењето на државата и нејзините историски моменти. Присуствуваа историчари, спортисти, политичари, а меѓу другите свое излагање имаше и фудбалерот Зоран Бошковски- Чоко, кој го постигна првиот гол за македонкста фудбалска репрезентација на пријателскиот меч против Словенија во 1993 година.

-Да ви го честитам големиот ден 8 Септември. Сигурно најголем ден во македонската историја. Ова што го видовме сега тука, јас да ви кажам прво дека бев присутен на Плоштадот Македонија кога се случи прогласувањето на независноста на Македонија и сите во тој момент бевме навистина среќни и горди што се случи тоа. И сега ми доаѓаат емоции што е остварен тој долгогодишен  сон на сите Македонци. Што се однесува до натпреварот во Словенија, навистина беше еден извонреден натпревар кој беше навистина емоционален од повеќе аспекти зошто навистина тоа беше прв натпревар и едноставно сите присутни без во исчекување што ќе се случи, како ќе се одигра тој натпревар, како ќе бидат реакциите, но на крајот испадна да Македонија одигра еден навистина квалитетен натпревар и да успее да ја совлада Словенија во тој натпревар со  4:1 во една извонредна игра и на крајот сите бевме задоволни, радосни и среќни, вели Бошковски.


Во тој момент, нагласува Бошковски, “ние кои бевме актери на тој натпревар буквално не бевме свесни која е тежината, вредноста на тоа што сме го направиле“.

-Дури по слетувањето во Скопје, кога не пречекаа неколку илјади луѓе, практично видовме дека сме направиле нешто добро за нас и за нашиот народ. Имам одиграно дваесетина натпревари за репрезентацијата на Македонија, 4-5 години бев стандарден репрезентативец, од 1993 до 97/98. Во тие први 4 години од независноста секој натпревар, секој освоен бод, секоја победа беше значајна за афирмација на македонскиот фудбал, а со тоа и на македонската држава. Тоа беше друго време, секој натпревар буквално беше промоција и афирмација на македонскиот фудбал и македонската држава. Со секој гол, со секој освоен бод ние придонесувавме што повеќе да се слушне за Македонија.

За потсетување, кога го одиграме тој историски натпревар во Брисел, во ноември ‘94 година кога до ред самиот натпревар не се знаеше дали ќе се игра натпреварот поради познатите настани за спорот со името, химната со знамето. Не се знаеше дали ќе се одигра натпреварот и во последен момент сепак се одлучи да се одигра тој натпревар и Македонија во срцето на Европа, во Брисел одигра 1:1 со Белгија и после тој натпревар сите зборуваа за Македонија. Преовладуваат емоции кај мене, но едноставно тоа го чувствувам и не можам да се воздржам, низ солзи го заврши Бошковски своето излагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top