| четврток, 6 декември 2018 |

Тажна исповед од Рио: Сакам злато и потоа да умрам

Белгиската параолимпијка Марике Вервурт отпатува во Рио де Женеиро за на престојните Параолимписки игри да освои медал. Меѓутоа таа светот го шокираше со изјавата дека по Рио планира да си го одземе животот.

Белгијката останала парализирана во 2000 година поради ретка дегенеративна болест на ‘рбетот. Во меѓувреме болеста напредувала, но таа не се предавала туку продолжила да тренира посилно и почнала да се натпреварува во количка. Така во Лондона на Параолимпијадата во 2012 година освои златен медал во трката на 100 метри и сребрен на трката на 200 метри.

marike-vervurt-foto-profimedia-1473156255-985411-75242

Сега има желба да го повтори успехот од Лондон, но и да изврши еутаназија.

– Сите ме гледаат како се смеам со медалите, но никој не ја гледа мрачната стана. Секојдневно страдам, понекогаш спијам само 10 минути во текот на ноќта, но и покрај тоа одам по злато. Рио е мојата последна желба. По Рио ќе ја завршам спортската кариера. Имам листа на желби што сакам да ги исполнам, вклучувајќи и каскадерско летање. Почнав да размислувам за еутаназија, вели Вулверт.

Таа не ја крие својата намера да си го заврши животот, зошто тоа го гледа како единствен излез. Меѓу другото, со јавноста сподели и делови од својот дневник во кој секојдневно пишува за маките низ кои минува.

– Среќна сум зошто имав добра ноќ, иако имав криза од околу 45 минути. Сепак, утрово се чувствувам како да сум спиела само саат време, иако тоа не е случај. Моето тело е исцрпено од сето тоа. Медицинската сестра денеска ми даде морфиум, а потоа отидов на тренинг, вели таа во својата исповед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top