Најмалку четири лица загинаа, додека едно се води како исчезнато во поплавите кои денес најмногу го зафатија југот и северот на Грција.
Во соопштението на противпожарната служба се вели дека до сега се пронајдени удавени две повозрасни жени и еден 90 годишен маж. Асошиејтед прес јави дека е пронајдено и безживотно тело и на 73 годишно лице.
Сите четири жртви се пронајдени на југот, на територијата на Пелопонез, а не северот на земјата неколку лица биле пријавени за исчезнати.
Во градот Пиргос, противпожарната бригада примила околу 150 повици за поплавени подруми и простории, како и за паднати дрва на патишта. И противпожарната скужба во Солун примила десетици повици за поплавени куќи и објекти во повеќе делови од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)