| четврток, 6 декември 2018 |

Развод од 180 000 евра: Ако добие се што бара, сопругот ќе ја остави Дара Бубамара на просјачки стап

 

Dara-Bubamara so mazot

Откако неодамна потврди дека се разведува од нејзиниот сопруг Милан Кесиќ, Дара Бубамара ја чека тежок период, со оглед на тоа што нејзиниот сопруг побарал старелество над нивниот син Коста (7), но и повеќе од 180 000 евра, колку што тврди дека инвестирал во кариерата на Дара.

Инаку, сопружниците веќе со месеци не се гледаат ниту разговараат по скандалот со разголените фотографии на Дара кои излегоа во јавноста, па не чуди што Милан има вакви барања.

– Нема сомнеж дека тие ќе се разделат со договор. Милан навистина многу пари вложи во нејзината кариера, особено во албумот кој го смини откако се породи. Тогаш и даде околу 100 000 евра, а потоа во следните години уште најмалку 50 000. Освен тоа од Дара бара да му го врати автомобилот Порше Каен кој и го даде да го вози пред две години. Уште многу пари има вложено за нејзините потреби во кариерата, гардероба за настапи, скапи шминки, накит и што уште не, но тие на нив не може ниту да им се стави сметка, ниту па тој планира да и ги бара, раскажал пријател на брачниот пар за Курир.рс.

Тој додал дека доколку му се исполнат сите барања на сопругот, Дара ќе остане без скршен денар, затоа што нејзините приватни сметки одамна ги испразнила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top