| четврток, 6 декември 2018 |

Скриена камера: Млад скопјанец почна борба против сообраќајната некултура (видео)

Млад скопјанец, кој е сведок на многу прекршоци и незгоди на скопските улици бил мотивиран да почне да ги снима прекршоците со камера и видеата да го поставува на „Јутјуб“ на каналот „Мото-влог – Скопје“, пишува Скопјеинфо.мк

-Секој ден има но некоја сообраќајна незгода со мотор, затоа и го првам ова, снимам видеа и ги ставам на каналот. Се надевам дека ќе се подигне свеста. Ова не го правам за пари, туку да ја подигнам свеста дека треба да се почитуваат сообраќајните прописи и правила – објаснува сопственикот на каналот „Мото-влог – Скопје“.

– Велат дека пешаците се најзагрозена категорија, а од она што сум го забележал на камерата, можам да кажам дека тие се виновници за голем дел од незгодите. Поминуваат среде булевар со четири ленти движејќи се бавно, поминуваат на црвено. Освен нив, и оние што возат мали мотори поминуваат на црвено без проблем иако е помалку од секунда да се случи најстрашното. Многу возачи во автомобилите зборуваат на телефон додека возат и не се свесни дека со тоа го доведуваат во опасност не само својот туку и животите на оние околу него – вели младиот ентузијаст.

Многумина го поддржуваат, но има и такви што не го поддржуваат. Добива и заканувачки пораки на „Јутјуб“ во смисла кој е тој да снима на улица, не е полицаец и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top