Што сакате најмногу да фотографирате додека сте на одмор? Размислете добро, затоа што одговорот на ова прашање многу зборува за вас, покажува едно британско истражување, во кое учествувале илјада испитаници.
Не е сеедно дали на вашите фотографии се наоѓа локална атракција или повеќе сакате да позирате додека пиете коктели на зајдисонце.
Туристите кои сакаат да се фотографираат покрај споменик и историски атракции веруваат дека се попаметни и позабавни од околината.
Фотографиите, на кои е прикажано пиење егзотични коктели на зајдисонце покажуваат желба да им се пофалите на пријателите дека убаво си поминуваат.
Групно селфи бираат луѓе кои сакаат да покажат дека имаат многу пријатели, а себе обично се сместуваат во средината.
Оние кои го фотографираат селфи ликот додека лежат на лежалка, сакаат да покажат дека се оригинални и заводливи, додека оние што скокаат во висина додека се фотографираат имаат потреба да порачат дека се слободни, но истовремено сакаат да го покажат телото.
Љубителите фотографирајќи ги сопствените нозе свиткани во колена додека лежат на лежалка покрај море или базен се обидуваат да изгледаат уметнички настроени, но основниот мотив е желбата да ги покажат нозете, тенот и дестинацијата каде се одмараат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Одрон на плажата на омиленото летувалиште на туристите, има повредени (видео)
-
Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски