| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кавадарци со многу емоции: Унгарскиот селектор играл во Работнички и учел со Наумоски

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Унгарија, хрватско-црногорскиот стручњак Стојан Ивковиќ по победата во Кавадарци доаѓа со многу емоции.

Педесетгодишниот Стојан Ивковиќ е роден во Дубровник, а пред триесетина години на центарската позиција играл за скопски Работнички. Во тој период, од 1982 до 1987 година, Работнички настапувал во Првата и Втората југословенска лига, а Ивковиќ завршувал средно училиште во Скопје  и тоа во истиот клас со нашиот кошаркарски ас и актуелен претседател на МКФ, Петар Наумоски, во ЕМУЦ. И двајцата во тоа време настапувале за училишниот тим.

Хрватско-црногорскиот стручњак, кој во моментов ја врши селекторската функција во унгарскиот национален тим, најголем дел од својата кариера како играч и тренер ја мина во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top