Министерството за образование и наука започна со реализација на уште една капитална инвестиција за унапредување на образовната инфраструктура, објави денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил.
– За потребите на учениците и наставниот кадар во СОУ „Нико Нестор“ во Струга, во состав на постојниот објект се гради нов, дополнителен објект со површина од 500 квадратни метри, со 6 нови училници и 4 кабинети. Се инвестираат речиси 15 милиони денари. Нека е аирлија!, напиша Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.