Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска реагира дека Исламската верска заедница од локален проблем прави интернационален и говори како ехо на политичка партија, откако ИВЗ најави дека ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за меѓурелигиски дијалог што наредните два дена ќе се одржи во Скопје.
Исламската верска заедница од локален проблем прави интернационален и говори како ехо на политичка партија, а е не како верска заедница. Ова е реакцијата на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска за вчерашното соопштение на ИВЗ во кое се наведува дека ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за меѓурелигиски дијалог што во наредниве два дена ќе се одржи во Скопје.
Таа денеска за Радио Слободна Европа изјави дека жали за нивната одлука.
„Жалам затоа што истовремено и Реисот го руши сопствениот имиџ како поглавар, како прв човек, го рушат имиџот на ИВЗ, на сите луѓе кои припаѓаат на исламската вероисповед во Република Македонија, а си ја сакаат државата. Мислам дека во овој момент Исламската верска заедница верска заедница говори како ехо на политичка партија, говори како политички сегмент, не говори како верска заедница и особено не говори во она што треба да биде нивни императив, а тоа е дијалогот, отвореноста, љубовта, со гласот на љубовта и жалам поради тоа.“
„Она што го бараат во нивното барање е секогаш ставено на маса од страна на државните институции, секогаш имало место за разговор, и минатата година и предминатата и ние како институции и премиерот и министерката за култура сме седнувале и сме разговарале за тие теми.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.