| четврток, 6 декември 2018 |

Кој кофеин е опасен: Колку кофеин содржат пијалаците (ТАБЕЛА)

Кафето, чајот, енергетските и газираните пијалаци и чоколадото се извори на кофеин. Кофеинот влијае врз нашиот организам, односно врз однесувањето и продуктивноста. Организмот различно реагира на различен тип кофеин, па проверете кој кофеин може да направи најголема штета врз здравјето.

1. Кафе

kofein (5)

Доколку кафето не делува премногу стимулативно на вас и го немате она чувство на будност во телото или анксиозност и преголема свесност откако ќе испиете една шолја, тогаш слободно продолжете со неговата консумација за да бидете попродуктивни.

Во едно истражување се покажало дека на оние вработени од фирмата кои преминале од кафе со кофеин на кафе без кофеин, им се намалила продуктивноста за 19%. Но, кафето со кофеин е добро да се консумира умерено, што значи не повеќе од 2 до 3 шолји на ден.

2. Чај

kofein (4)

Доколку сакате да се чувствувате будни и попродуктивни во текот на денот, тогаш најдобар избор е црниот чај. Некои видови можат да содржат и до 70 милиграми кофеин, односно теин во 200 милилитри чај. Како и кафето, така и чајот може да го покачи крвниот притисок, да ја забрза работата на срцето и да ве направи поенергични.

kofein (2)

Меѓутоа, според резултатите од пребарувањата на Гугл, пронајдени се уште неколку други чести несакани последици од пиењето чај. Најбараните поими се „Зошто имам мачнина во желудникот кога ќе пијам чај?“ „Зошто од чај постојано ми се оди во тоалет?“ и „Зошто од чај постојано ми се спие?“.

3. Енергетски пијалаци

kofein (6)

И додека кафето и чајот се стимулативни пијалаци кои секојдневно се консумираат, со енергетските пијалаци тоа никако не смее да биде така. Иако само еден енергетски пијалак во денот нема да направи сериозна штета во организмот, 2 до 3 енергетски пијалаци можат да предизвикаат аритмија, несоница, мачнина, нервоза, дехидрација и болки во стомакот.

4. Газирани пијалаци

kofein (3)

Газираните пијалаци би требало да бидат вашиот последен избор кога станува збор за изворите на кофеин. Тие изобилуваат со шеќер и предизвикуваат преголеми осцилации во количината на енергија заради што и не е препорачливо да се пијат.

5. Чоколадо

kofein (1)

фото: Црно-бело

Едно истражување направено од Универзитетот Харвард покажало дека кај оние луѓе кои во текот на испитувањето пиеле по 2 чаши топло чоколадо на ден, во текот на еден месец имале подобра циркулација на крвта во мозокот поради што подобро памтеле и побрзо размислувале. Доколку немате топло чоколадо или не сте во можност да си направите, тогаш стимулирајте се со неколку коцки чоколадо или направете какао. Кофеинот е природна состојка во зрната на какаото, така што секое чоколадо содржи дел од овој стимуланс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top