| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од инцидентот во Скадар: Снимен нападот врз македонските навивачи

Штом беа истакнати македонските знамиња, радикалната навивачка група од Косово, позната како „Плисат“почна да довикува кон делот каде беа сместени македонските навивачи, а за кратко време почнаа да фрлаат и со пиротехничките средства. Фрлањето предмети беше проследено и со скандирања УЧК.

Инцидентот се случи на почетокот од натпреварот Албанија и Македонија, кога групата македонски навивачи на оградата од стадионот ги истакна македонските национални обележја, како и сонцето од Кутлеш.

Албанската полиција побара од македонските навивачи да ги повлечат знамињата. Големата физичка разделеност меѓу трибините не дозволи поголем инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top