Едно тело е најдено изгорено и се претпоставува дека истото е на патник од авионот, кој денеска исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Подоцна се слушна експлозија кај село Кожле а граѓани јавија дека авионот е во пламен.
Се претпоставува дека патниците се италијански државјани, а последната дестинација на авионот требало да биде Приштина, каде авион на приватен комерцијален лет полетал од Тревизо.
Авионот е од типот „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје само да танкира гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.