Од книгата на Хуан Пабло Ексобар, синот на Пабло Ескобар, се дознаваат некои детали за животот зад решетки на колумбискиот крал на кокаинот.
Тој во затворот Ла Катедрала во Меделин никогаш немал оружје со себе. Затоа покрај него секогаш стоел стражар кој бил подготвен во секој момент да му подаде полуавтоматска пушка или мобилен телефон. Ла Катедрала всушност го водел самиот Ескобар. Повеќето стражари биле негови луѓе и затворот го прилагодувал според своите потреби.
Кога се појавиле информации дека во затворот се убиени двајца бизнис партнери на Ескобар, тој на своето семејство повеќе не му дозволувал да му доаѓа на посета. Ескобар младиот во еден разговор добил дојава дека двоецот веројатно подготвувал “удар” против неговиот татко, и дека тој веројатно го наредил нивното убиство. Кога ја добил првата можност да зборува со својот татко, го прашал што се случило.
“Сине, ќе ти кажам јас за да не слушаш туѓи лаги. Јас слушнав дека картелот Кали ги киднапирал Кико и Гаељано и дека ги пуштиле под услов да ветат дека нема да ми помогнат со финансирањето на војната против тој картел. Прво не верував тоа. Кико ми беше добар пријател. А потоа слушнав снимка од еден разговор”, му рекол Пабло на својот син и додал дека Кико и Гаељано го предале.
Наскоро младиот Ескобар добил повик од својот татко дека нешто чудно се случува, дека се сомнева дека војската ќе го убие. Од безбедна оддалеченоста таа вечер гледал како во затворот се изгаснале светлата.
“Според упатствата на мојот татко, чуварот на оградата, кој бил негов човек, ги изгласил светлата кога тој и другите бегалци стигнале до оградата. Кога паднал мрак го отвориле преминот на ѕидот и се провлекле низ него. Мојот татко ја изработил оваа рута за бегство, тој дел од ѕидот бил направен од многу слаб бетон, и два удари биле доволни за да се урне”, пишува Хуан Пабло, кој долго го чекал својот татко во куќата на семеен пријател.
“Но, мојот татко никогаш не пристигна. Тој веќе бил на базенот на фармата Мемо Трино во Ел Салад, заедно со уште девет бегалци. Таму слушнале експлозија и бука од војниците кои сакале да го фатат мојот татко. Потребни им биле 12 часа за да сфатат дека побегнал”, пишува Ескобар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)