| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го осуди недоличното навивање во Скадар

albanci-620x350

Во соопштение до медиумите СДСМ ги осудува свирежите на државната химна на Република Македонија на синоќешниот меч помеѓу Македонија и Албанија во Скадар.

„Очекуваме дека вчерашните груби навреди извикани од група навивачи на домашната репрезентација, врз репрезентативците од Македонија додека ја пееја химната на Р.Македонија и фрлањето факели на трибината со навивачи од Македонија ќе добие соодветна осуда од Фудбалската федерација на Албанија, тамошните власти и УЕФА.

Апелираме на негување спортски дух на заемно почитување, солидарност и фер плеј.“, стои во реакцијата на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top