-Астероид во орбитата на Јупитер е именуван според починатиот пејач на рок групата „Квин“ (Queen), Фреди Меркјури, на 70 годишнината од неговото раѓање, рече гитаристот на оваа група и астроном Брајан Меј.
Тој додаде дека Центарот за помали планети при Меѓународната астрономска унија одреди астероидот откриен 1991 година, кога Меркјури почина, да се нарекува „Астероид 17473 Фредимеркјури“. Тој астероид „е само светла точка, но е многу посебна светла точка“, рече Меј, кој инаку има докторат од астрофизика.
Меркјури, роден на 5 септември 1946 година, напиша повеќе хитови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.