Флоренс е името на најголемиот астероид кој во повеќе од еден век, денеска е на пат да помине крај Земјата на релативно блиско растојание од 7 милиони километри, соопштува НАСА.
Флоренс има дијаметар од 4.4 километри и во следните неколку векови не претставува закана за Земјата.
Астероидите се остатоци од формирањето на ѕвездите и планетите.
Астероидот Флоренс бил откриен во 1981 година. На најблисокото растојание кое ќе го достигне до Земјата, Флоренс ќе биде блиску 18 пати колку што е просечното растојание меѓу Земјата и месечината.
Оваа средба на Земјата со астероидот Флоренс е прва после 1890 година, а следната ќе биде дури по 2500 година – соопштуваат од Американската вселенска агенција.
Астероидот ќе биде релативно лесно да се види со добра опрема за набљудување, не само затоа што е голем, туку исто така затоа што рефлектира 20 отсто од сончевата светлина која ја осветлува неговата површина. За споредба, месечината просечно рефлектира 12 отсто од сончевата светлина.
Објект со големина на Флоренс би предизвикал глобални ефекти на Земјата доколку ја погоди. Научниците веруваат дека имаат идентификувано повеќе од 90 отсто од ваквите ѕиновски камења кој се движат во вселената блиску до нашата планета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.