Новиот член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед (Муки) Зекири, кој од „независен“ новинар стана висок функционер на СДСМ несебично ја дал целата своја поддршка за Албанија на натпреварот Албанија – Македонија, што се играше веравечер во Скадар и при резултат 1-1 беше прекинат од невреме, објави синоќа порталот Инфомакс.
Освен за Албанија, Зекири на Фејсбук ѝ изрази поддршка и на репрезентацијата на Косово, која против Финска го одигра првиот официјален меч.
„RESPECT KOSOVA!!!“, со големи букви стои на профилот на Фејсбук на членот на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ.
За разлика од него, партискиот лидер, веројатно затрупан од предизборни активности и обврски, не најде можност да ѝпружи поддршка на македонската репрезентација, како што имаше време и интернет да го стори тоа на трибините на арената „Филип Втори“ за Шкендија.
Раковоството на најголемата опозициска партија, која претендира да дојде на власт во Македонија, не оцени дека е понижувачка и навредлива корографијата која ги пречека нашите репрезентативци и навивачи на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар. Иако високи функционери на партијата беа сведоци на трибините, СДСМ не смета дека треба да го осуди сквернавењето на македонските национални обележја.
Пред почетокот на натпреварот нашите навивачи беа нападнати со пиротехника, потоа исвиркана беше химната на Македонија, а од трибините со скандалозна кореoграфија беше навредена и нашата држава. На трибините имаше и голем број навивачи на Албанија – луѓе кои се родиле, живеат и егзистираат во Македонија, а истата ја омаловажуваат и навредуваат.
Oчигледно успесите на Македонија за раководството на СДСМ се резултатите што ги покажуваат Шекндија, Косово и Албанија, а не самата Македонија, која има своја национална репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации