| четврток, 6 декември 2018 |

Повредените патници се пренесени во Кешан и Малкара (видео)

Четириесет и петгодишен патник загина, а 38 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во еден часот по полноќ во близина на турскиот град Малкара. Патничкиот автобус на фирмата Бога Транспорт во кој имало двајца шофери и 37 патници од засега непознати причини се забил во шлепер по што автобусот бил влечен околу стотина метри. Еден од повредените е во критична состојба. Станува збор за жена која била заглавена на предните седишта. Лекарите биле принудени да и ги ампутираат двете нозе. Повредените се пренесени во болници во градовите Кешан и Малкара. Во Кешан се пренесени 17 повредени, а во Малара 22, меѓу кои е и починатиот.

Патниците од автобусот се во контакт со конзултатот во Истанбул од каде ги добиваат сите потребни информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top