| четврток, 6 декември 2018 |

Свирежи за македонската химна, Алиоски ги замолкна трибините (ВИДЕО)

43433443-670x377-640x360

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и на Македонија, кој вечерва се играше на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар, Албанија, започна тензично откако фудбалерите на македонската репрезентација беа исвиркани за време на интонирањето на химната од страна на навивачите на албанскиот тим.

Инцидент имаше и на трибините откако неколку факли беа намерно фрлени меѓу малубројните македонски фанови на трибините.

На трибините настана молк кога Езџијан Алиоски, кој веќе има четири гола во шест настапи на швајцарската фудбалска сезона во оваа сезона, го постигнува и дебитантскиот во репрезентативиот дрес.

Фудбалерот на Луцерн искористи една грешка на албанските дефанзивци, ја поведе топката неколку метри и со удар по земја од 17-18 метри го матира Етрит Бериша.


Поради силното невреме кое оддеднаш го зафати Скадар, судијата Хусеин Гочек од Турција одлучи привремено да го прекине мечот во 77.минута, се додека не се создадат услови за доигрување на средбата.

45833-nevremeee-640x336

Подоцна, мечот меѓу Албанија и Македонија и официјално е прекинат поради невремето во Скадар и нема да се доигра.

Според правилата на ФИФА ќе важи резултатот 1-1, кој беше до прекинот. Делегатот одлучи мечот да го регистрира со 1:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top