| четврток, 6 декември 2018 |

Пандите веќе не се загрозен вид, но опасноста сега ја демне оваа врста животни

Зголемениот број на раѓања на панди во Кина во изминатиов период го отстрани овој вид на животно од листата на загрозени видови. Популацијата на големата панда се зголемила за 17 отсто во последната декада, соопшти Светскиот фонд за флора и фауна (ВВФ).

Големата панда веќе не е загрозен вид, но се уште е ризичен вид, така што од загрозен премина во ранлив вид.

-Подобрувањето на популацијата на пандата покажува дека кога науката, политичката волја и вклученоста на локалните заедници ќе соработуваат, можеме да ги заштитите флората и фауната и да ја подобриме биолошката разновидност – изјави Марко Ламбертини, директор на ВВФ.

Светскиот фонд работеше десетици годиниза за да ги спасат пандите така што развиваа резервати и работеа со локалните заедници за да создадат самоодржувачки средини и да го намалат нивното влијание врз шумите, напиша американскиот медиум „Тајм“. Во моментов има 67 резервати за панди, во кои се сместени скоро две третини од целата популација.

-Сите треба да го прослават овој напредок, но пандите се уште се ранливи, поголемиот дел од нивната животна средина се уништува поради сиромашно планираните инфраструктурни проекти и запомнете дека во дивината има уште само 1.864 панди – изјави Ло Це Пинг, генерален директор на ВВФ-Кина.

Меѓутоа, британскиот медиум „Би-Би-Си“ јави дека источната горила, светски најголемиот примат е загрозен. Ова го соопшти Светската унија за конзервација на природата – ИУЦН.

eastern_gorilla

Голем бран на нелегален лов е причината за намалување на популацијата на источната горила. Поради ова, бројот е намален на 5.000 горили низ светот, така што популацијата е намалена за 70 отсто во последните две декади.

Сега, четири од шестте големи мајмунски видови се ризично загрозени, и тоа источната горила, западната, Борнеанскиот орангутан и Суматранскиот орангутан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top