Роден на 10 мат 1979 г.
Во општеството: штетник
Интимно: есктремен
„Слободните радикали се нестабилни атоми кои имаат изгубено електрон, па лебдат наоколу крадејќи електрони од соседните молекули“ – така е во хемијата, а не е ништо поинаку и во независното новинарство.
„Слобода на медиумите, власт на радикалите“ е слоганот со кој СДСМ ќе настапи на овие избори. Овој избор е многу природен и ненаметнат, а произлегува од последното решение на ЦО на партијата. Никаков пи-ар, никакви стратегии, директно од мозокот на главата на партијата.
„На вечерашната седница, Централниот одбор на СДСМ акламативно ги поздрави мудрите и успешни политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на партијата во напорите за создавање услови за организација и спроведување регуларни предвремени парламентарни избори во Македонија.
На вечерашната седница, Централниот одбор едногласно одлучи нов член на ЦО на СДСМ да биде Мухамед Зекири. “
Паметна одлука на паметниот лидер, би се свело во само два паметни збора. Независен новинар, интимно радикал, кој замина од новинарството и влезе директно во ЦО на втората најголема македонска партија во Македонија.
Што значи тоа?
Тоа значи дека со последната одлука на СДСМ висок партиски функционер стана новинар кој се залага за „слободно и независно“ новинарство, новинар со изразити радикално-исламистички ставови, исламски радикал со кој Заев за само 100 дена ќе треба да ги придобие албанските гласачи со чиишто гласови планира да победи на овие избори.
Зекири во Централниот одбор и Едмонд Адеми во Извршниот одбор се радикалното јадро околу кое, во агонијата која произлегува од безидејноста и сѐ поголемиот раскол во партијата, Заев ќе се обиде да приврзе гласачко тело кое треба да му обезбеди победа на изборите на 11 декември.
Плукнат на лидерот
Личноста и делото на Мухи се обременети главно со поганлаци, какви што не простуваат ни богот на кој му се моли неговиот лидер ниту богот на кој тој му се клања.
„Тој често повикува на насилство, навредува медиуми, посакува линч на политичари, го повикува народот да се наполни со омраза“.
„Новиот член на Централниот одбор на партијата, е поддржувач на исламските радикали на Балканот и за него Израел е терористичка држава.“
“Тој беше еден од првите кои го пробија полицискиот кордон и се туркаше со полицијата на протестот организиран од ЗНМ и повеќе здруженија пред Музејот на македонската борба.“
„Пред извесно време Зекири тврдеше дека во Избирачкиот список имало 500.000 спорни гласачи и на истиот фигурирале 60.000 мртви. Зекири тврдеше дека од 500.000 гласачи, 195 илјади биле евидентирани како фиктивни гласачи.“
„Новинарот Мухамед Зекири го цитира Мула Јакуп Асипи, оџа од Слупчане во времето на конфликтот во 2001 година, близок соработник на раководството на ОНА, кој од странство донесе околу 150 муџахедини да се борат на страната на ОНА: „Искрен и праведен е тој кој што кога се во прашање интересите на малцинствата, своите ги гази со двете нозе““.
„Високиот член на раководството на СДСМ го поздрави оштетувањето на споменикот на Цар Душан, а застана и во одбрана на свирепите убијци од Смиљковското Езеро.“
А во меѓувреме во хемијата: „Во отсуство на електрони молекулот станува слободен радикал кој треба да се стабилизира. Тогаш настанува штетниот процес во телото, каде со верижна реакција настанува хаос помеѓу мелекулите каде што секој од секого краде електрон и настанува оштетување на клетките, ткивата и ДНК.“
Тумори, исто како и во политиката.
Текстот е објавен во рубриката „Личост на неделата“ во 210 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 9 сеотември 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Муки си кажал уште во 2015: Некои „Албанци“ за мода немаат проблем и педери да станат
-
„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница
-
Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт
-
Ѓорчев до Зекири: Од Македонија се бараат еден куп остапки кои СДСМ е подготвена да ги направи за да остане на власт