| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници девојчиња наредени како на фабричка лента сонуваат да заминат на Запад (Видео)

Реџи Јејтс во еден од своите документарни емисии за „Би-Би-Си“ го посетил Сибир каде што запознал млади девојки, но и дознал на што сѐ се подготвени за да избегаат на Запад. Прикзаната за трнливиот пат на руските девојчиња овие денови е повторно актуелна, а за инвазијата на руски манекенки во САД од неодамна има и неколку реални шоуа.

Прво што забележува Реџи е тоа колку се овие девојки млади, но и нивниот огромен број, кои се имаат пријавено на една од аудициите. За младите девојчиња од Сибир сонот да станат модел почнува многу рано. Иако конкуренцијата е жестока, тоа е една индустрија што им нуди какви-такви шанси за подобар живот.

modeli sibir

Тие се наредиле како на фабричка лента полуголи сакајќи да се изборат за подобар живот и се обидуваат да им се допаднат на тие што ја одржуваат аудицијата. Директорите за кастинг велат дека е битен карактерот, но ја премолчуваат вистината, дека нивното мото е – колку помлада, тоа подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top