Иницијативата која ја покренав денеска е резултат на неколкумесечни размислувања и разговори со еден почесен конзул. Јас сум голем почитувач на делото на Мајка Тереза и конзулот исто така. Имавме долги разговори на оваа тема вклучувајќи ја темата за ордените -изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој денеска објави иницијатива за меѓународен орден за заслуги за Мајка Тереза, во чест на нејзиното животно дело.
Тој денес беше во Ватикан на канонизацијата на Мајка Тереза и за нејзиното дело зборуваше во вестите на „ТВ НОВА“.
– Поразговарав и со други луѓе да ја тестирам идејата и се одлучив денес пред да се прогласи за светица да ја објавам и да дадам одредени објаснувања како тоа го замислувам. Таа идеја може да се надгради и прошири. Мајка Тереза е планетарна личност. Таа е од Скопје, но припаѓа на целиот свет. Како премиер сум патувал во многу држави и сум се уверил дека секаде знаат за неа и за нејзиното дело, нејзините активности, животот и нејзината жртва. Кога бев во Хонг Конг гувернерот кој ме прими на разговор, во себе носеше календар со Мајка Тереза. Кога бев во Катар, министерот за енергетика на Катар ми зборуваше за Мајка Тереза – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)