| четврток, 6 декември 2018 |

Анастасија Квитко е руската верзија на Ким Кардашијан

Најсвежа конкурентка на Ким Кардашијан е 22-годишната Анастасија Квитко. Девојката од неодамна живее во Лос Анџелес и веќе се прослави заради заводливите облини и задникот, кој често ги предизвикува фанови да ја споредуваат со г-ѓа Вест.

Анастасија има забележителни мерки 95-63-105 и тврди дека сето тоа е природно.

Убавицата се пробала како модел, но од Агенцијата ја натерале да ослабе и таа набрзина се откажала.

Квитко смело тврди дека има “совршено тело” и наскоро тотално ќе ја засени Кардашијан, која според неа била производ на фотошоп и пластичните хирурзи.

30672187881b5bb54907be41be5aed66

“Ми се допаѓа Ким Кардашијан, но не сакам да ме споредуваат со неа. Таа е доста далеку од мене. Јас имам спортско тело, моите бедра се мускулести и тренирам многу. Задникот ми е убав и немам ниту една пластична операција, а сите знаеме што таа направи со задникот.Сега кога популарноста прогресивно  ми расте, е прашање на време да станам препознатлива и попопуларна од Ким “, тврди младата убавица од Калининград, која веќе има над 4 милиони следбеници на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top