| четврток, 6 декември 2018 |

Човек падна од зграда во Охрид

Доцна попладнево во центарот на Охрид се случи немил настан. Според првичните неофицијални информации човек паднал од зграда во изградба во близина на градскиот пазар, објави Охридњуз.  Oколу 19 часот, случајни минувачи го забележале падот на мажот од еден од погорните спратови на зградата која повеќе години е во фаза на изградба.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потврди дека во близина на зграда на улицата „Абас Емин“ е забележано машко тело. Додаде дека мажот со тешки повреди е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ . Mажот имал тешки телесни повреди и дека најитно ќе биде пренесен на клиниките во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top