Дваесет и петгодишен скопјанец нападнал и претепал фурнаџија во населбата Припор.
Според полицијата, насилството се случило завчера околу 6 часот наутро кога А.К. влегол во фурната „Златен клас“ и без повод и причина почнал да го навредува сопственикот обвинувајќи го дека тој бил виновен што бил во притвор. Потоа А.К. како надомест што лежел во притвор од сопственикот на фурната побарал да му даде 600 евра, а потоа и физички го нападнал. Тој го удирал со клоци и со тупаници по главата и по телото и му нанел телесни повреди. На разбеснетиот скопјанец и тоа му било малку, па искршил поголем дел од инвентарот во фурната. Полицијата му поднесе кривична пријава за насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.