Во близина на скопската населба Припор не била најдена авионска бомба, како што беше соопштено претходно, туку оксигена боца од 1,5 метри, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во првото соопштение од оваа институција беше наведено дека во близина на населба Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, е пронајдена авионска бомба од голем калибар, првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.
Но, по извршеното ископување утврдено е дека се работи за оксигенска боца. Нема понатамошна опаснот во реонот каде беше пронајдена боцата, соопштуваат од ДЗС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.