| четврток, 6 декември 2018 |

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови од Припор

pomos-768x577

По објавувањето на сторијата за тешката состојба на семејството Христови од Припор, претседателот на Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги посети при што им беа донирани прехрамбени продукти и средства за лична хигиена.

– Семејството е во тешка состојба и затоа веднаш по објавувањето на веста, ние ја спроведувме оваа хуманитарна акција, а за во наредниот период ќе направиме напори да им обезбедиме и дрва за огрев со оглед на тоа што станува збор за самохран родител со две малолетни деца и една 70 годишната баба која е изнемоштена и едвај подвижна, истакна Ѓорѓиевски.

pomos1-768x577

Инаку Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ за време на новогодишните и божиќните празници, донираше храна, облека, лекови, огревно дрво и средства за лична хигиена во 30-тина семејства со зголемен социјален ризик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top