| четврток, 6 декември 2018 |

„Исчезнатите“ туристи со кајаци пловат по Охридско Езеро

Унгарските туристи се живи и со кајаци пловат по Охридско Езеро. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, тие биле на пат кон градот. Претходно чуварот на автокампот „Градиште“ пријавил дека тројца туристи од Унгарија, двајца мажи и една жена на возраст од околу 30 години, не се вратиле во кампот во текот на вечерта. Заминале со своите кајаци на рекреативно веслање по езерото. Полицијата почнала со акција, но денес им влегле во трагa. Сѐ уште нема информации дали туристите залутале или имале некаков проблем во текот на вчерашниот ден и дали некој од нив е повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top